Во втор круг ќе се бираат градоначалници на Охрид и Ново Село

by fokus

Во Охрид и Ново Село градоначалникот ќе се избира во вториот круг на 5 мај, бидејќи ниту еден од кандидатите не освои неад 50% од вкупниот број на гласови.

Во Ново Село на Николчо Стоилков кандидатот на ВМРО-ДОМНЕ и на Никола Ангелов од СДСМ, сметките им ги поматија неважечките гласачки ливчиња, поради кои не можеа да го достигнат цензусот. Па така, според официјалните податоци на ДИК, Стоилков освои 2.753 гласови или 49,61%, Ангелов 2.693 гласови или 48,53%, а неважечки биле 103 ливчиња. 

Во Охрид во вториот круг влегуваат двајцата кандидати со освоени најголем број гласови – кандидатот на СДСМ Константин Георгиески кој освои 13.037 или 46,37%гласа и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски со 10.614 гласа. Неважечки биле изброени 1.256 ливчиња.

Поврзани новости