Во време на изолација штипски ученици донесоа вредни интернационални награди

by Fokus

Пандемијата на корона вирус не ги спречи талентираните ученици од ДМУЦ Сергеј Михајлов од Штип да го покажат своето музичко знаење и да се закитат со награди на Интернационалниот натпревар по пијано.

Поради актуелната состојба, натпреварот се одржал преку интернет, а младите натпреварувачи од Штип постигнале одлични резултати -Душица Митрева – прво место во својата категорија, Теодора Ноемина Пастоњицки – второ место и Михаел Тимотеј Пастоњицки второ место.

Тие настапиле под менторство на Мр. Марија Максимова, една од најнаградуваните професорки од Штип, која има над 270 меѓународни признанија за својата работа во областа на музиката.

-За Штип, градот каде е одржана првата опера во Македонија, штипјани знаат да кажат дека е најмузичкиот град во нашата земја. ДМУЦ Сергеј Михајлов, расадникот на раскошни таленти на ученици, се гордее со успехот на учениците што го постигнаа на светскиот натпревар по пијано. Поради корона вирусот, единствен начин да се одржи натпреварот, беше преку интернет. Жирито така одлучи, за да не пропадне повеќе месечниот труд на менторот и учениците – информираат од училиштето.

Максимова пак, порача дека е горда на своите ученици, кои и во време на изолација освоија награди на Интернационалниот музички натпревар за 2020 година.

Вики Клинчарова

Поврзани новости