Во Владата ќе се формираат нови секретаријати, Рашковски ќе биде секретар за мониторинг

by Фокус

Драги Рашковски, доскорешниот генерален секретар на Владата, ќе ја врши функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма.

Станува збор за нова функција, која, како што објави 360 Степени, е предвидена со измени во одлуката за формирање канцеларија на претседателот на Владата.

Според обаа одлука, вчера објавена во „Службен весник“, се предвидува формирање на посебен секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите, а треба да се формираат уште два нови секретаријати – за комуникации и за администрација.

Поврзани новости