Во Унгарија прогласена вонредна состојба поради војната во Украина

by Fokus

Унгарската Влада денеска прогласи вонредна состојба поради војната во Украина, која ќе стапи во сила на полноќ, изјави премиерот Виктор Орбан.

Во видео што го објави на Фејсбук неколку часа откако парламентот го усвои амандманот на Уставот во кој се наведуваат конфликти, војна или хуманитарна катастрофа во соседна земја како причини за мерката, Орбан рече дека војната во Украина претставува закана за Унгарија, физичката безбедност на нејзините граѓани, енергетските залихи и финансиската сигурност на семејствата и стопанството.

Тој нагласи дека Владата која денеска положи заклетва веднаш почна со работа и посочи дека сè уште никој не го гледа крајот на војната во Украина.

– Светот е на работ на економска криза. Унгарија мора да се држи настрана од оваа војна и да ја заштити финансиската сигурност на семејствата, рече Орбан.

Поврзани новости