Во Турција уапсени 30 странци осомничени за поврзаност со „Исламска држава“

by Fokus

Турските безбедносни сили уапсиле 30 странци поради сомневање дека се поврзани со терористичката група „Исламска држава“, јавија локалните медиуми.

Антитерористичката операција била спроведена во седум области во Истанбул.

Кај уапсените бил пронајден пропаганден материјал и документи за активноста на групата во дигитална форма и на хартија.

Според полицијата, која не соопштува од кои земји се странците, уапсените планирале да извршат напади во Истанбул.

Поврзани новости