Во Центар освен жители од Пустец гласале и гласачи од Гази Баба и од Кавадарци!

by fokus

Во општина Центар, во вториот изборен круг во 2013 година за локалните избори не гласале само жителите од Пустец, туку и жители од Гази Баба, Кавадарци…

Ова денеска се дозна на судењето за случајот “Титаник”, каде што се презентираат бомби. Во рзговор меѓу министерот Миле Јанакиески и Билјана Бришкова се открива дека не биле спорни само гласачите од Мала Преспа.

-На само четири избирачки места гласаат овие од Пустец?- го прашува Бришкоска министерот Јанакиески, а во разговорот се вклучува и Никола Тодоров кој исто така прашува на колку избирачки места гласаат “шверцаните гласачи”.

Миле ги корегира и им вели дека не се 4 избирачки места, туку 35, појаснувајќи дека таму нема да гласаат само гласачите од Пустец.

“Не се само тие од Пустец проблематични, ги има и тие од Гази Баба, од Кавадарци… вели Јанакиески.

Во разговор со соговорник од Ресен, Јанакиески вели дека е против жителите од Мала Преспа да гласаат во Центар зошто ќе избие скандал.

“Подобро е во Центар да гласаат овие од Кавадарци, Неготино, овие од Мала Преспа не знаат да зборуваат Македонски, вели Јанакиески.

Но соговорникот го поправа па му вели: “Не е точно, сите се Македонци и зборуваат поубаво македонски од оние во Кавадарци и Неготино. По литературно зборуваат од Стојан Андов, му вели соговорникот на Јанакиески, но додава дека и тој е против да гласаат зошто биле испечени од сонцето, па ќе ги препознаеле дека не се од Џентар.

“Јас да сум од СДСМ ќе направам скандал, ќе го прекинам гласањето”, му вели соговорникот на Јанкиески, на што тој се согласува.

В.В.

Поврзани новости