Во Тиквешијата починаа 73 лица позитивни на Ковид-19 од почетокот на панедмијата

by Fokus

Од почетокот на панедмијата со Ковид-19, заклучно до вчерашниот ден, во Тиквешијата се починати 73 лица позитивни на вирусот – информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци. Велат дека 52 од починатите се од Кавадарци, 19 од Неготино и две лица од Демир Капија.

Под Општина Кавадарци се водат и случаите од Општина Росоман. Дури 3.607 лица се инфицирале со вирусот, и тоа 2.472 од Кавадарци, 953 од Неготино и 182 од Демир Капија. Во Кавадарци оздравеле 2.147 лица, во Неготино има 840 оздравени, и 154 оздравени во Демир Капија.

-Според вчерашните информации, во Кавадарци се активни 273 случаи, во Неготино 94 и 26 во Демир Капија – велат од ЦЈЗ Кавадарци. Најмладиот починат пациент од последици на корона вирус од Кавадарци имаше 21 година, а најстариот 84 години, од Неготино.

Сепак, бројката на лица кои се инфицирале со вирусот се смета дека е поголема од прикажаната , бидејќи голем број на случаи се асимптоматски или пак со благи симптоми и воопшто не се тестирале. Во ковид одделот во кавадаречката болница моментално се хоспитализирани 17 пациенти, и има 43 слободни места. Од таму информираат дека денес починал маж од Кавадарци на 74-годишна возраст, со сериозни коморбидитети.

Вики Клинчарова

Поврзани новости