За време на продолжениот празничен викенд во Тиквешијата биле казнети повеќе лица за непочитување на полицискиот час.
Според СВР Велес, во Неготино од 17-ти до 20-ти април се казнети девет лица кои не ги почитувале мерките кои се со цел да се спречи ширењето на заразата со корона вирус.
Во Кавадарци пак, пет лица од 17-ти до 20-ти април не ја почитувале забраната за движење и заработиле соодветни казни.
Според последните информации, зголемен е и бројот на лица во самоизолација. Во Неготино бројката изнесува 18, а во Кавадарци 37 граѓани се самоизолирани.
Во тек на вчерашниот ден неготинскиот градоначалник Тони Делков информираше дека повеќе граѓани кои добиле дозволи за движење, истите ги злоупотребиле, и најави казни, но и засилени полициски контроли во градот.
Вики Клинчарова