Во Тиквешијата 38 лица се со Решение за изолација поради контакт со инфицирани со Ковид-19

by fokus

Поради контакт со инфицирани од Ковид-19, денешниот број на лица во изолација во Неготино изнесува 29.

Во Кавадарци пак, каде е регистриран само еден активен случај на вирусот во моментот, со Решение за изолација се девет лица.

Бројот на лица кои потпишале Изјава за самоизолација во Неготино изнесува десет, а во Кавадарци 18. Во случаите со Изјава за самоизолација, најчесто се работи за возачи кои доаѓаат од странство.

Во тек на вчерашниот ден, според СВР Велес, во Неготино осум лица се казнети бидејќи не носеле заштитни маски, а во Кавадарци бројот на казнети изнесува седум. Три лица во Неготино и три во Кавадарци заработиле казни бидејќи не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час во тек на вчерашниот ден.

Вики Клинчарова

Поврзани новости