Во Тетово приведени се тројца дилери на кокаин и запленети се над 2.000 парчиња пиротехника

by Фокус 21:47
21:47

Полицијата денеска на наплатната станица Желино сопрела патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски регистерски ознаки, во кое биле Х.И,(31)  и С.Б (31) од село Градец и А.Ш. (32) од Гостивар, кај кои при извршениот преглед биле пронајдени пакувања со кокаин.

Како што информираат од МВР, лицата се приведени во СВР Тетово и ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство Тетово.

- Advertisements -

Воедно, од МВР информираат дека на тетовскиот градски плоштад во Тетово ги привеле Љ.А. (23) од тетовско Селце, кај кого се пронајдени 1759 парчиња пиротехника, и С.А. од Тетово, од кој биле одземени 314 парчиња пиротехника.

Поврзани новости