Во тепачка во гимназијата „Преродба“, гимназијалец со нож прободел свој соученик

by Fokus

Двајца гимназијалци се се степале, од кои едниот со нож го прободел другиот, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 17.50 часот, пред влезот на гимназијата „Преродба“ во с.Житоше, прилепско, во меѓусебна тепачка, Д.И. (19) од с.Сазждево со нож го прободел Д.П. (18) од с.Житоше. Д.П. сам отишол во Клиничката болница Прилеп каде што му биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување. Д.И.  е приведен во полициското одделение Ропотово и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости