Во тек е отворање на Олимписки базен Стив Наумов, велат студентите

by fokus

Поројниот дожд што врне во голем дел од Македонија, направи проблеми на патиштата и улиците во Скопје.

И покрај сите маки низ кои поминуваат, студентите од Скопје сместени во студентските домови решија да се пошегуваат на сопствена сметка.

„Затворениот базен во Куманово уште не е отворен. Но, затоа во тек е отворање на олимписки базен-Стив Наумов (Скопје) 2019. Европо, спреми се, доаѓаме“, се шегуваат студентите.

Оваа улица се наоѓа кај бонската продавница на студентскиот и е само во низата проблеми на студентите во овој дом, кога пред неколку седмици им се сруши таванот од еден од тоалетите.

Поврзани новости