Во светот од корона починаа 2,4 милиони луѓе

by Fokus

Два милиони и 394.541 луѓе починаа од коронавирусот во светот, додека 108 милиони и 503.560 лица беа заразени, вели новиот биланс собран до 11:00 часот (GMT), кој го објави денес агенцијата Франс прес.

Од официјалниот број на заразени, 66 милиони и 313.500 луѓе се сметаат за излекувани.

Бројот на официјално заразени не го одразува реалниот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

Соединетите држави, каде што е регистриран првиот смртен случај на почетокот на февруари 2020 година, се најмногу погодени од вирусот. Во таа земја починаа 484.250 луѓе и се заразија 27 милиони и 575.636 лица.

После САД, земјите со најголем број на смртни случаи се – Бразил (238.532 и 9.809.754 заразени), Мексико (173.771 смртни случаи и 1.988.695 заразени), Индија (155.642 смртни случаи и 10.904.940 инфицирани) и Велика Британија (116.908 смртни случаи и 4.027.106 заразени) .

Европа има 802.019 смртни случаи и 35.479.741 заразено лице, Латинска Америка и Карибите имаат 639.021 смртни случаи и 20.105.760 заразени, САД и Канада 505.459 смртни случаи и 28.398.445 заразени, Азија 248.218 смртни случаи и 15.669503 инфицирани лица, Средниот исток 100.693 смртни случаи и 5.075.632 инфицирани лица, Африка 98.185 смртни случаи и 3.742.614 заразени лица и Океанија 946 смртни случаи и 31.870 заразени лица.

Франс Прес прави дневен биланс заснован на државни податоци од земјите во светот и информации од Светската здравствена организација.

Поврзани новости