Во светот над 52.000 луѓе починаа од корона вирусот, повеќето во Европа

by fokus

Над 52.000 луѓе, повеќето од нив во Европа, починале од корона вирусот ширум светот, укажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Новинската агенција Франс прес пак јави дека во светот починаа вкупно 51.364 лица, од кои 37.709 во Европа. Италија има најголем број смртни случаи, вкупно 13.915. Следува Шпанија со 10.003 смртни случаи, Франција со 5.387 и САД со 5.316.

Од почетокот на пандемијата, официјално се заразени 989.228 лица, од кои повеќе од половина во Европа 542.077, додека 235.900 во САД и Канада, а 112.061 во Азија.

АФП во скоро секој извештај наведува дека бројот официјално заразени не го одразува вистинскиот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребен болнички третман.

Поврзани новости