Во светот има 2.153 милијардери кои имаа повеќе пари од 60% од населението

by fokus

Во светот има 2.153 милијардери кои располагаат со повеќе пари од 60 отсто од населението на планетата, соопшти Оксфам.

-Јазот меѓу сиромашните и богатите не може да се надмине без насочени политики за борба против нееднаквостите. Владите мора да обезбедат богатите и деловните субјекти да го платат својот фер удел во даноците, рече Амитабх Бехар, претставникот на Оксфам за Индија, кој ќе ја претставува невладината организација на Светскиот форум во Давос оваа година.

Годишниот извештај на Оксфам за нееднаквост традиционално е објавен непосредно пред отворањето на Светскиот економски форум во Давос, каде традиционално се среќаваат претставници на економската и политичката елита. МИА

Поврзани новости