Во Србија вакцинирани рекордни 75.000 граѓани во еден ден

by Фокус

Србија денеска го сруши сопствениот рекорд по бројот на вакцинирани во еден ден, објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, посочувајќи дека денес повеќе од 75.000 биле вакцинирани.

-Тоа е резултат со кој пропорционално по бројот на жители не можат да се пофалат дури и најразвиените земји во Европа и светот – рече Вучиќ.

Тој додаде дека целта е Србија да има над 2,8 милиони вакцинирани и 2,2 милиони ревакцинирани до крајот на мај, а над три милиони вакцинирани и ревакцинирани до крајот на јуни.

Поврзани новости