Во Србија вакцинирани 48 отсто од граѓаните

by fokus 15:01
15:01

Министерот за здравство, Златибор Лончар денеска изјави дека во Србија се вакцинирани 48,49 отсто од граѓаните, што не е доволно и дека сите позитивни на коронавирус се вратените од летните одмори кои се претежно невакцинирани.

Лончар за ТВ Пинк предупреди дека од овој проблем нема да се излезе ако е бавна вакцинацијата, ако се дозволи вирусот да мутира и вакцините да не бидат доволно средство за негово сузбивање.

- Advertisements -

Тој оцени дека не е доволно само во една земја да се вакцинираат доволен број луѓе, бидејќи „вирусот не познава граници“.

Министерот за здравство изјави дека апсолутно се залага за задолжителна вакцинација на здравствените работници и оние кои се во чест контакт со луѓе, како што се таксистите, службени лица и други, додавајќи дека кај младите има проблем во пристапот затоа што често кога ги прашувате зошто не се вакцинирани нивниот одговор е дека не знаат.

– Вакцинацијата е единствениот начин да се спасат човечки животи и здравствениот систем, изјави Лончар, потсетувајќи дека во Србија доаѓа петтата вакцина – „Модерна“, која покажала одлични резултати.

Министерот за образование, наука и технолошки развој Бранко Ружиќ предупреди дека начинот на наставата од 1 септември ќе зависи од препораките на Кризниот штаб, порачувајќи дека без вакцинација на задоволително ниво, можеби нема да може редовно да се организира следната учебна година.

Поврзани новости