Во Србија утре ќе пристигнат вакцини на АстраЗенека

by fokus

Вакцините на АстраЗенека утре изутрина пристигнуваат во Србија, а на аеродромот ќе ги пречека претседателот Александар Вучиќ, дознава Танјуг.

Вучиќ синоќа изјави дека станува збор за првите 150.000 дози на вакцината на АстраЗенека.

Тој за РТЛ истакна дека Србија наскоро ќе биде прва земја во Европа по вакцинација, додека според бројот на ревакцинирани граѓани моментно е веќе прва.

Поврзани новости