Во Србија уапсени неколкумина кои ја покачиле цената на храната и водата

by Фокус 13:52
13:52

Они кои сакаат да заработат на флашираната вода во Белград, ги молам да не се користат со трикови и преку медиумите да шират дезинформации. Водата во Белград е чиста и питка! Вчера уапсивме неколку лица, едно дури и од Обреновац кој тројно ги зголемил цените на водата и прехрамбените продукти. Таквите контроли ќе продолжат и нема да дозволиме во вонредна сотојба некој да профитира. Со ваков став излезе српскиот премиер Александар Вучиќ на вонредната пресконференција одржана по повод состојбата со поплавите во Србија.

– Утре попладне се очекува поплавниот бран на Сава, најкритично сè уште е во Обреновац. Утрово тимови за евакуација после два дена за прв пат влегле во Крупањ, таму 200 куќи се срамнети со земја. Последните информации од Шабац зборуваат дека градот засега е безбеден, но таму има голем број на екипи во приправност, бидејќи Сава расте на секој час, во просек од 3 сантиметри – истакна Вучиќ.

Тој изрази сочувство за шестмината загинати во Република Српска, како и за загинатите во поплавите во Србија, чиј број се уште не се знае.

- Advertising -

Поврзани новости