Во Србија стигнаа уште 19.500 дози вакцини

by fokus 17:51
17:51

Во Србија денеска стигнаа уште 19.500 дози вакцини од „Фајзер/Бионтек“ во институот „Торлак“, јавуваат српските медиуми.

– До крајот на неделава планираме да вакцинираме околу 11.000 лица, со тоа што половина од вакцините се доделени на здравствени работници, а половина на геронтолошки центри и институции за социјална заштита, изјави државниот секретар на Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек.

- Advertisements -

Имунизацијата на здравствените работници започнува утре, почнувајќи од единиците за интензивна нега, приемните тријажни центри и од ковид-болниците.

Ѓерлек кажа дека во текот на оваа недела ќе се искористат и 2.400 дози од руската вакцина „Спутник V“ и дека еден дел од таа вакцина најверојатно веќе од утре ќе биде пуштен во употреба.

– Планот е во првата фаза да се вакцинираат околу 720.000 лица. Покрај здравствените работници, тука се и корисниците на геронтолошките центри и институциите за социјална заштита, потоа повозрасните од 75 години, граѓаните на возраст од 64 до 74 години кои имаат хронични болести, објасни Ѓерлек.

 

Поврзани новости