Во Србија стигнаа милион дози од кинеските вакцини – Вучиќ ќе прими од нив

by fokus

Милион дози на вакцината од кинеската компаније „Синофарм” денеска стигнаа во Србија, а авионот со вакцините на белградскиот аеродром го дочекаа претседателот, Александар Вучиќ, амбасадорот на Кина во Србија, Чен Бо и српскиот министер за здравство, Златибор Лончар.

Вучиќ во разговор со новинарите на аеродромот изјави дека вакцината ќе почне да се употребува откако ќе добие дозвола од српската Агенција за лекови и медицински средства. Тој кажал дека Србија се уште не добила ниту една вакцина преку Ковакс механизмот, туку вакцините кои стигнале во земјата биле резултат на билатерални договори, со Американците за „Фајзер“, со Русите за „Спутник V“ и со Кинезите.

Тој најавил дека за седум или осум дена ќе ја прими кинеската вакцина против корона. – Важно ми е дека не бев меѓу првите кои се вакцинираа, да не кажат луѓето дека се спасувам прво себе, рече Вучиќ.

Поврзани новости