Во Србија се урна хеликоптер кој превезувал болно бебе

by Фокус

Воен хеликоптер Ми-17 кој превезувал болно бебе од Нови Пазар во Белград  синоќа се урнл во близина на аеродромот Никола Тесла. Загинале сите седум патници и членови на екипажот, јавуваат српските медиуми.

Несреќата се случила доцна синоќа, кога се правеле напори болното бебе, кое било во животна опасност, од Нови Пазар да се транспортира во Белград.

Стадионите на фудбалските клубови Црвена Ѕвезда, Партизан, Чукарички и Рад синоќа ги вклучиле рефлеторите за да му овозможат на екипажот евентуално да слета на некој од овие стадиони, но екипажот не успеал во тоа поради исклучително лошото време.

Контролната кула на аеродромот Сурчин ја изгубила врската со леталото во 22:31 часот. Се претпоставува дека причина за несреќата се најверојатно лошите временски услови и маглата.

Поврзани новости