Во Србија поради Ковид-19, секој трет е за болничко лекување, околу 20 отсто имаат тешка клиничка слика

by Fokus 09:28
09:28

Директорот на Клиничкиот центар на Србија, Милика Ашанин, изјави денеска дека епидемиолошката состојба во Србија не е добра, дека е дури и неповолна и се заканува да излезе од контрола.

Тој за белградски медиуми изјави дека во првиот бран имало максимум 445 заразени на дневно ниво, дека во вториот бран најголем број имало на 26 јули – 467 новозаболени и дека сега таа цифра е околу 5.000 новоинфицирани лица на дневна основа. Меѓу пет и 20 отсто случаи бараат интензивна нега или се за на респиратори.

- Advertisements -

Најнеповолна е состојбата во Белград, а Ашанин потсетува дека во амбулантите во Ковид пред две-три недели имало околу 3.500 прегледи на дневно ниво, и дека вчера бил урнат неславниот рекорд од 5.600 прегледи на луѓе кои имале проблеми со дишењето или треска.

– Нашите прогнози се дека ова ќе трае. Имавме околу 1.000 пациенти на Клиниката за инфективни болести за време на викендот од петок до недела и во текот на денот зад нас имаше 350 пациенти, рече Ашанин.

Тој посочува дека се полни капацитетите на Клиниката за инфективни болести.

Што се однесува до пациентите кои се на болничко лекување, Ашанин изјави дека на почетокот на третиот бран, повеќето пациенти биле на возраст од 20 до 40 години, нешто подоцна од 30 до 50 години, а сега доминираат пациенти над 60 години.

– Секој трет пациент кој доаѓа во приемната-тријажна амбуланта денес е за на болничко лекување, потенцира тој.

Поврзани новости