Во Србија 4.995 нови заразени и 31 починат од Ковид-19

by fokus

Во последните 24 часа во Србија починале 31 заразен со Ковид-19, а регистрирани се нови 4.995 случаи на коронавирус од 13.429 тестирани лица.

Моментално хоспитализирани се 6.214 пациенти, а на респиратори се наоѓаат 212 пациенти.

Со 31 смртен случај денеска бројот на починати во Србија се зголеми на 1.199, а процентот на смртност падна на 0,99 проценти.

Србија досега тестирала вкупно 1.623.48 лица, а ковид-19 е потврден кај 121.120 лица.

Владата на Србија вчера донесе седум нови мерки кои стапуваат на сила во вторник.

Поврзани новости