Во сообраќајката на Пониква загинала 31-годишна девојка, а дваесет и осумгодишна е тешко повредена

by fokus

Во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска на регионалниот пат Кочани-Пониква загинала триесет и едногодишна девојка, откако автомобилот влетал во бездна. Автомобилот го управувал триесет и осумгодишен жител на кочанското село Облешево.

-Сопатничката М.Б.(31) од с.Прибачево, кочанско, починала на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Другата сопатничка, Е.Г.(28) од с.Василево, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани, соопшти МВР.

Автомобил излета во бездна на Пониква, девојче загинало на лице место

Поврзани новости