Во сообраќајка повредени двајца малолетници, едното е двегодишно дете

by Fokus

Во сообраќајка несреќа повредени се две малолетни лица, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 12.30 часот на локалниот пат во с. Челопек, тетовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.З. (39) од с.Челопек и патничко возило „Форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ф. (28) од с.Челопек. Во незгодата, со повреди се здобиле две малолетни лица, сопатници од возилото „Форд Фиеста“ на возраст од две и 17 години. Тие со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Поврзани новости