Во сообраќајка кај Росоман повреден битолчанец

by fokus

Два автомобила утринава се судриле пред тунелот на регионалниот пат Кавадарци-Прилеп, во близина на селото Росоман. Во сообраќајката е повреден еден од возачите, 34-годишен битолчанец.

-Околу 10,40 часот на регионалниот пат Кавадарци – Прилеп, на  околу двестотини метри од тунелот во близина на с. Росоман, се случила сообраќајна незгода меѓу патнико моторно возило “Рено мастер“ со скопски регистарски таблички управувано од М.М. (52) од Скопје и патничко моторно возило “Голф 3“ со битолски регистарски таблички управувано од М.Ј. (34) од Битола. По незгодата со возило на итната медицинска помош во Прилепската болница е пренесен М.Ј. Увидот е во тек, информираат од МВР.

Поврзани новости