Во Солун од корона вирус почина Маноли

by fokus

Утрово во Солун, од коронавирус почина Емануел Малелис, кај нас познат како Маноли кој во деведестите години во тогашниот грчки конзулат беше задолжен за визи – објави вечер.мк.

Според информациите на порталот Маноли се инфицирал со корона вирусот на Кипар, пред десетина дена, а првично имал лесни симптоми па се вратил дома во Солун на лекување. Но, пред четри дена состојбата му се влошила и починал.

Инаку, Маноли е Македонец од егејско потекло, роден во околината на Лерин, женет со Македонка од Скопје и татко на две ќерки. По завршување на мандатот во грчкиот козулат останува во Скопје и продолжува да работи на функција во рафинеријата Окта која, во меѓувреме, доби грчки сопственик.

Поврзани новости