Во Словенија скоро 1600 новозаболени, 43 починати

by Fokus

Во Словенија, во последните 24 часа биле потврдени 1.591 нов случај на коронавирус од 6.938 тестирани, а 43 лица починале.

Во болницата низ земјата хоспитализирани се 1.258 пациенти, што е за 66 помалку од претходниот ден.

Бројот на пациенти на интензивна нега исто така се намали.

Од почетокот на пандемијата, досега во Словенија се заразени 74.265 лица, а од последици предизвикани од Ковид -19 починале 1.336 пациенти, пренесува СТА.

Поврзани новости