Во Словачка за еден ден тестирани повеќе од еден милион луѓе

by Fokus

На првиот ден од вториот круг на масовно тестирање за корона вирусот, вчера во Словачка биле тестирани 1.297.571 граѓани, од кои 0,63 проценти биле позитивни.

Како што рече денеска министерот за одбрана Јарослав Наѓ, позитивен резултат добиле 8.172 лица.

Словачкиот премиер Игор Матович ги повика граѓаните кои се негативни да се однесуваат кон секој во неговата околина како да се позитивни.

Матович побарал заразените да бидат одговорни и да ги известат сите што биле во контакт со нив.

Во првиот круг минатата недела беа тестирани повеќе од 3,6 милиони од 5,5 милиони жители.

Поврзани новости