Во Словачка расте бројот на новозаразени од Ковид-19

by fokus

Во Словачка во последните 24 часа се потврдени 3.045 нови случаи на коронавирус, додека 69 пациенти починале, објави денеска Националниот здравствен информативен центар.

Тестирани се 14.921 лице, вкупно 1.261.501 од почетокот на пандемијата.

Во болниците има 2.149 лица, од кои 31 се на интензивна нега, а 147 се на апарати за дишење.

Од почетокот на пандемијата, во Словачка со коронавирусот се заразиле вкупно 142.133 лица, а 1.378 починале.

Поврзани новости