(ВИДЕО) Во скопската Зоолошка градина првпат се испилија мали пингвини

by Fokus

Од скопската Зоолошка градина соопштија дека „за првпат се родија бебиња пингвини и тоа вкупно четири“.

– Бебињата дојдоа на свет на 06.01, 07.01, 08.01 и 10.01 2023 година од два пара родители.Целиот период грижливо ги негуваа, а голем дел од денот со нив проаѓаа и татковците. Состојбата на малите пингвинчиња од видот хамболдт од ден на ден беше следена подеднакво и од нашите зоонегуватели Маја и Војо, како и стручни лица – велат од скопската Зоолошка градина.

Од ЗОО прикажаа видео каде што се прикажани најемотивните моменти, од јајца, преку првите прегратки со мајките, па се до денес, како изгледаат пингвините:

Поврзани новости