Во Скопје во ковид центрите се лекуваат вкупно 702 лица, во другите градови во земјата 998 пациенти

by Fokus

Од Министерството за здравство информираа дека вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, додека во другите градови во земјава се лекуваат вкупно 998 пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1699 и има околу 335 празни болнички кревети во ковид центрите.

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 69 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 4 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 9 пациенти, наведоа од МЗ.

Од МЗ додадоа дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 59 оздравени пациенти.

– Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 29 пациенти. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 58 болни, посочија од МЗ.

Од Министерството додоа дека вкупно 702 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

– Во болницата во Битола се хоспитализирани 150 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 87 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 87 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 118 во ковид центарот во Гостивар 42, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 35, Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на корона вирусот, посочија од МЗ.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани новости