Во Скопје вчера санкционирани 190 возачи 

by Fokus

Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на град Скопје санкционира 190 возачи, од кои 34 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 за управување возило под дејство на алкохол, 35 за непрописно паркирани возила и 20 за неносење на лична заштита.

Од МВР најавуваат дека  засилените сообраќајни акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости