Во Скопје вчера казнети 285 возачи, 20 биле под дејство на алкохол

by Fokus

Во рамките на засилените акциски контроли во сообраќајот, Министерството за внатрешни работи вчера, само на територијата на град Скопје изрече вкупно 285 казни.

Од вкупниот број казни, 33 се за возење без возачка дозвола, 20 за возење под дејство на алкохол, 18 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 за користење на мобилен телефон и 3 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Исто така, изречени се 85 мерки за непрописно паркирање и 18 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 22 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости