Во Скопје утринава измерени шест степени под нулата

by fokus

Најстудено изутринава во седум часот беше во Берово и во Скопје Петровец, каде што се измерени минус шест степени Целзиусови, по што следат Крива Паланка и Струмица со минус 5, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија, Куманово, Тетово, Маврово, Штип со минус 4, Крушево, Пожаране, Битола и Демир Капија со минус 3, Лазарополе и Ѓуриште со минус 2, Претор, Виница, Тополчани и Прилеп со минус 1. Нула степени се измерени во Охрид и Дојран, а 2 во Дебар.

На Маврово висината на снежната покривка изнесува 5 сантиметри, во Лазарополе 4, а 3 во Ѓуриште и во Крушево.

Од УХМР најавуваат дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Позначителна облачноста ќе биде во западните делови. На планините на северозапад ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје се очекува сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурата до 9 степени.

 

Поврзани новости