Во Скопје полицијата казни 30 пешаци

by Fokus 10:00
10:00

Казнети се вкупно 183 возачи во рамки на засилените сообраќајни контроли, како и 30 пешаци во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје.

Меѓу санкционираните возачи, соопштија денеска од МВР, за непочитување на брзина на движење се 29, девет санкции се за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

- Advertisements -

– Изречени се 30 мерки што ги чинат пешаците, седум санкции за користење на мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 50 мерки за непрописно паркирани возила, стои во соопштението.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, подвлекуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости