Во Скопје најмногу се гласа во Центар, а најмалку во Сарај

by fokus

Најголема излезност во Скопје до 13 часот, според податоците на ДИК, има во општина Центар каде гласале 27,27 отсто. На втората позиција по излезност е Аеродром со 26,16 проценти, а веднаш зад неа е и општина Кисела Вода каде гласале 25,92 отсто од избирачите.

Над 20 проценти излезност има и во општините Ѓорче Петров со 24,5 отсто, потоа Гази Баба со 22,84 проценти и Бутел со 21,75 отсто.

Помала е излезноста во Чучер Сандево со 16,59 отсто, по неа следи Шуто Оризари со 12,69 проценти и Чаир со 11,9 проценти, а на последното место е Сарај, која е единствената општина каде гласале помалку од 10 отсто од запишаните избирачи или само 9,07 проценти.

Поврзани новости