Во Скопје казнети 448 возачи, од кои 52 за пречекорена брзина  

by Fokus

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 448 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 52 прекршоци, 33 мерки за технички неисправни возила и 43 за возење без возачка дозвола.

Изречени се 67 мерки за непрописно паркирање, 61 возило е подигнато со „пајак“, санкционирани се и 23 пешаци, а изречени се 64 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости