Во Сингапур евакуирана банка поради корона вирусот

by fokus 13:33
13:33

Сингапурската банка ДБС денеска ги евакуира 300 вработени откако еден нивен работник се зарази со новиот корона вирус.

Поради претпазливост, ДБС им наложи на вработените да работат од дома.

- Advertising -

– Во моментот детално испитуваме со кого инфицираното лице беше во контакт, се наведува во соопштението на ДБС.

Министерството за здравство на Сингапур вчера потврди дека се регистрирани 47 пациенти, што е најголем број на инфицирани надвор од границите на Кина.

Од новиот тип на корона вирусот (ЦОВИД-19) заразени се повеќе од 45.100 луѓе, од кои 1.116 починаа.

Поврзани новости