Во СДСМ очекуваат Груевски да не ги признае изборите, му предвидуваат голем пораз

by Fokus
Првите резултати од гласањето на локалните избори со кои располага СДСМ упатуваат на победа на социјалдемократите во повеќето општини.

Велат дека со убедлива разлика водат во Карпош каде Стефан Богоев, наводно до сега предничи со околу 6.000 гласа пред Стевче Јакимовски. Според неофицијално податоци водат и во Град Скопје, но возможно е велат победникот да се знае во вториот изборен круг.

Очекуваат сигурна победа во Центар со нивниот кандидат Саша Богдановиќ. Според нивните податоци се прогнозира победа и во Аеродром. Златко Марин наводно води со околу 1.500 гласа пред Ивица Коневски. Меѓу членството веќе владее предизборна еуфорија сметаат дека сигурно ќе ги вратат општините што ги изгубија на последните локални избори.

Од овие причини се позасилени се сомневањата во СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае изборите и дека ќе се вади на бројни изборни нерегуларности. На тоа велат наведува фактот што ВМРО-ДПМНЕ организираше народна стража која ќе ги следи изборите.

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во врска со тоа изјави дека доколку планирале такво нешто од партијата на Никола Груевски требале до сега да го соопштат тоа и резигнирано додаде дека тоа би било нивна одлука.

Маја Васева

Поврзани новости