Во САД повеќе од 350.000 починати од Ковид-19

by fokus

Во САД досега од коронавирус починале повеќе од 350.000 луѓе, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Во изминатите 24 часа во САД се потврдени 2.398 нови смртни случаи, со што вкупниот број достигна 350.186 починати лица.

САД се први во светот по бројот на починати од Ковид-19, како и по бројот на заразени лица, кои се над 20 милиони од почетокот на пандемијата.

Поврзани новости