Во САД од Ковид-19 досега починале половина милион луѓе

by Fokus

САД се приближуваат до бројката од 500.000 смртни случаи од коронавирусот, соопшти Универзитетот Џон Хопинс, додавајќи дека досега од вирусот починале точно околу 498.000 лица.

Имунологот Ентони Фаучи изјави дека бројката од 500.000 жртви е речиси за 70.000 повеќе од американските жртви во Втората светска војна.

САД во јануари, непосредно пред инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, го надминаа прагот од 400.000 смртни случаи од коронавирусот

Поврзани новости