Во САД минатата седмица секои 33 секунди имало по еден смртен случај од Ковид-19

by Fokus

Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД минатата недела регистрирани се 2.637 смртни случаи од последици од Ковид-19, што значи дека просечно секои 33 секунди умирало по едно лице заразено со новиот корона вирус.

Во САД најсмртоносен месец од почетокот на пандемијата беше декември, кога починаа 77.572 луѓе.

– Бројот на смртни случаи најверојатно ќе се зголеми како се зголемува бројот на новозаразени пациенти, истакнуваат од Универзитетот Џонс Хопкинс.

Во САД вчера хоспитализирани се најголем број на пациенти од почетокот на пандемијата – 125.5444. Минатата недела на дневно ниво просечно се пријавувани 213.437 новозаболени од Ковид-19, а тоа во голема мера се должи на семејните собири.

Поврзани новости