Во Русија уапсен припадник на терористичка група

by Fokus

Припадник на терористичката група „Хајат Тахрир Аш-Шам“ е уапсен во градот Уфа, во западна Русија, при подготовка на бомбашки напад врз полициски објекти и болницата на Министерството за надворешни работи, јави Руската федерална служба за безбедност (ФСБ).

ФСБ наведе дека станува збор за 26-годишен жител на градот.

Тахрир ел Шам е една од главните радикални исламистички организации, која учествуваше во граѓанската војна во Сирија. Формирана е во 2017 година врз темелите на познатата терористичка група „Фронтот ал Нусра“.

На почетокот на април, ФСБ уапси двајца исламисти кои планираа со бомба да нападнат една образовна институција во Симферопол.

Претходно денеска Истражниот комитет објави дека е спречен терористички напад и во московскиот регион. Напаѓачот, припадник на терористичката организација ИД е притворен.

Поврзани новости