Во руралните места и домовите за стари лица ќе има теренска вакцинација

by Фокус

Во Националниот план за имунизација против ковид 19 предвидена е и теренска вакцинација за руралните средини и за домовите за стари лица, изјави претседателката на Комитетот за имунизација Александра Грозданова на Телма.

-Неслучајно ја избравме постоечката мрежа за имунизација, затоа што видовме дека кај редовната вакцинација, вака поставената инфраструктура, функционира. Ние и тековно имаме т.н. теренска вакцинација, не само во руралните места туку и во старските домови, каде што услугата треба да се доближи до пациентот. Овие лица, кои влегуваат во ризичната популација, односно во приоритетната група, која ќе биде опфатена, ќе бидат контактирани – изјави Грозданова.

Таа потенцира дека со националниот план е предвидено вакцинацијата против ковид 19 да биде достапна до сите.

Поврзани новости