Во Романија останале само шест слободни кревети за интензивна нега на Ковид пациенти

by fokus

Во Романија, во моментов има само шест слободни кревети на одделите за интензивна нега за пациенти со Ковид-19. Тоа го изјави рече министерот за здравство Влад Воикулеску, јавија романските медиуми.

Во моментот на интензивни одделенија со Ковид-19 се лекуваат рекорден број пациенти од почетокот на пандемијата – 1.531 – според податоците објавени од Групата за стратешка комуникација. Вкупниот број на хоспитализирани е околу 13.500.

Во изминатите 24 часа, 129 пациенти со Ковид-19 починаа во државата. Бројот на смртни случаи од тој вирус во Романија изнесува над 25.000 од минатиот февруари досега.

Поврзани новости