Во Република Српска забранет увоз на 400 килограми македонски сливи

by fokus

Републичката фитосанитарна инспекција на Република Српска, како дел од редовната инспекција на пратките во надворешната трговија, забрани увоз на пратка од 400 килограми сливи со потекло од Северна Македонија, бидејќи се пронајдени остатоци од пестициди над пропишаното максимално ниво, соопшти Инспекторатот на Република Српска.

Контролата на овошјето и зеленчукот во Република Српска се врши при увоз, со цел да се утврди дали е здраво и безбедно за човечка употреба, а најголем ризик кај овие производи е недозволеното количество пестициди, микотоксини и тешки метали, и тоа се параметрите на кои се вршат лабораториски анализи, пренесува Српскаинфо.

Од Инспекторатот наведуваат дека во првата половина на оваа година, при увозот, надлежната инспекција зела 607 примероци овошје, зеленчук и житни култури за исхрана на луѓето за потребите на лабораториско испитување.

Поврзани новости