Во рацете на БЕСА оди или Образование или Култура, на ДПА им е ветено министерско место на ДУИ

by fokus

СДСМ ќе мора да ослободи едно од министерствата кои ги заземаат нивни кадри, за БЕСА да влезе во Владата, а ДУИ ќе отстапи едно од министерствата за ДПА. На овој начин премиерот, Зоран Заев, ќе ја прошири владината коалиција и ќе го зголеми парламентарното мнозинство.

Неофицијалните информации по синиќешната средба на Заев со лидерите на БЕСА и ДПА говорат дека паднал договор овие партии да влезат во извршната власт. На БЕСА на Африм Гаши им е ветено или Министерството за образование или Министерството за култура. Информацијата што поточно било договорено ќе се знае вечерва по состанокот во партијата.

Со овие две министерства раководат кадри на СДСМ, Роберт Алаѓозовски и Рената Дескоска.

Со Мендух Тачи, пак, е договорено ДПА да добие министер без ресор.

Се очекува Тачи и Гаши да ги заземат и заменичките и директорски места кои ги остави празни Алијанса за Албанците.

Поврзани новости