Во првите три часа од отворање на кутиите гласале 8% од гласачите

by fokus

Гласањето на 1.517-те избирачки места во 35 општини каде што се спорведува вториот круг од локaланите избори до 10 часот се одвива непрекинато и без повреди, а гласачките места се отворени навреме, соопшти на првата прес-конференција денеска Државната изборна комисија (ДИК).

Излезноста на гласачите до 10 часот е 8,09 отсто од обработени податоци од 1.516 избирачки места. Највисока е излезноста во Демир Капија, 22,47 отсто, а најмала во Студеничани 3,09 отсто.

До 11 часот ниту еден граѓанин нема поднесено приговор за заштита на избирачкото право, соопшти портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Поврзани новости